Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп имаше само пофални зборови за Манчестер Сити, пред дербито во недела.




„Манчестер Сити е исклучителен тим. После поразот од ПСЖ веднаш кажав дека сигурно ќе одговорат на тоа. Го гледав мечот и изиграа одлично, но не ги искористија шансите. Според мене Сити е најдобриот тим во Европа во моментов“, изјави Клоп.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Минатата недела играа против Челзи, и беа подобар тим. Тоа доволно зборува за нивниот квалитет. Се уште сме на почеток на сезоната, но знаеме дека ако победиме на овој меч, тогаш ќе имаме навистина успешен старт“, додаде Клоп.