Дома Македонски спорт Сопственикот на Ријека разочаран од Велковски: За нас не игра добро како за Македонија

Сопственикот на Ријека разочаран од Велковски: За нас не игра добро како за Македонија

Сопственикот на Ријека Дамир Мишковиќ е незадоволен од настапите кои ги прикажува Дарко Велковски за неговиот тим.

Мишковиќ истакна дека за него Велковски е разочарување затоа што не игра на нивото како кога е во репрезентацијата. Од поодамна македонскиот дефанзивец нема загарнтирано место во стартните 11 на хрватскиот тим.

„Бев убеден дека кога имаш играч како Дарко Велковски кој е врвен стопер проблемите се решени. Но, Велковски има многу осцилации ретко игра за Ријека така како што игра за Македонија. За мене е големо разочарување“, изјави првиот човек на Ријека.

Во редовите на Ријека Велковски е од 2018 година, а според најавите ова ќе биде негова последна сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Роџерс за Палмер: „Чест е да играме заедно секоја недела“

Морган Роџерс не го крие задоволството што повторно има можност да игра заедно со својот п…