Дома Фудбал Лига на шампиони Дали Перез уште мисли дека групната фаза во ЛШ не е интересна?

Дали Перез уште мисли дека групната фаза во ЛШ не е интересна?

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез познат е по своите изјави и сега една му се „одби од глава“, а не му е прва.

Потценуваше Перез многу тренери, играчи, клубови…На сите им е позната аферата со аудио снимките која шпанските медиуми ја открија во текот на летото. Во тие снимки Перез лошо зборуваше за играчи на Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И денес Перез има желба за поголема моќ, веројатно и затоа најмногу се залагаше за формирање на Суперлигата од која не се откажува. Како еден од аргументите кои ги истакнуваше Перез кога се пишуваше за Суперлигата даде и изјава која е добро позната. Првиот човек на Реал тврдеше дека натпреварите во групната фаза не се интересни.

„Ликата на шампионите е атрактивна само од четвртифиналето. Никој не ги гледа натпреварите од групната фаза“.

Меѓутоа изгледа не е така кога сега поразот на неговиот Реал од молдавскиот Шериф одекна силно во фудбалска Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…