Легендата на Арсенал, Вилијам Галас изјави дека не разбира зошто клубот во летниот преоден рок плати 58.5 милиони евра за доведување на Бен Вајт.
Вајт во Арсенал пристигна на инсистирање на Микел Артета кој бил импресиониран од неговите настапи за Лидс и Брајтон. Со клубот потпиша договор на пет години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тешко ми е да разберам зошто доведе играч кој треба да се докажува на највисоко ниво, па уште и го платија 58.5 милиони евра. Додека истовремено Манчестер Јунајтед за 47 милиони евра го купи Варан. Морате да ми објасните како е тоа можно. Можеби затоа што е Англичанец. Варан е на повисоко ниво од Вајт кој се уште не се докажал. Како е оправдана неговата цена?“.
„Го почитувам, не го познавам, но го почитувам и се надевам дека ќе биде одличен играч, но тоа треба да се потврди. Тие двајца не може да се споредуваат (Варан и Вајт). Не го зборувам тоа затоа што Варан ми е сонародник. Тој дојде од Реал Мадрид, а не со сета почит кон тој клуб од Брајтон“, изјави Галас кој во кариерата за Арсенал одигра повеќе од 140 натпревари.