Победата на Македонија против Германија во стартот од квалификациите за Светското првенство силно одекна во фудбалскиот свет, а Дарко Чурлинов верува во ново чудо.
Германија на Македонија и гостува на 11. октомври и тоа е исклучително важен натпревар во борбата за првите две места. Првото води директно на Мундијалот, воторот ово баражот. Чурлинов верува во нова сензација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дебито со Македонија на Еуро 2020 многу ми значи, тоа за мене беше исполнување на детскиот сон. Имав прилика да бидам заедно со најдобрите играчи во Европа на толку млада возраст. Сега не чека натпреварот со Германија кој нормално нема да биде лесен. За да победите една Германија потребно е да имате фантастичен ден, ние веќе еднаш го имавме, зошто да не ги победиме Германците по вторпат. Со нетрпение го чекам тој натпревар“, изјави Чурлинов.
Македонија до крајот на мундијалските квалификации ќе одигра уште четири натпревари. Прво против Лихтенштајн на 8. октомври на гостински терен, а потоа ќе ја пречекаме Германија. Еден месец подоцна не чека еден гостински натпревар со Ерменија и домашен со Исланд.