Дома Фудбал Уште една опција за нов тренер на Барселона

Уште една опција за нов тренер на Барселона

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ја започнал потрагата по наследник на Роналд Куман, пренесуваат каталонските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Куман после лошите резултати на стартот на сезоната сериозно ја загрози својата позиција и Барселона размислува да му врачи отказ.

Изминатите денови медиумите шпекулираа дека на списокот на Лапорта се наоѓаат Пирло, Конте и Ерик Тен Хаг, но сега се појави уште една опција.

Станува збор за селекторот на белгиската репрезентација Роберто Матинез, кој има договор со Федерацијата до крајот на Мундијалот во 2022 година.

Во договорот има клаузула според која може да биде слободен за 1,8 милиони, па Барселона размислува да ја плати, но Мартинез се уште не донел конечна одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне не сака Хулиан Алварес да остане по секоја цена

Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја разбира позицијата на клубското рако…