Дома Актуелно Јувентус пред себе има „богатство“ – Што ќе одлучи Ањели?

Јувентус пред себе има „богатство“ – Што ќе одлучи Ањели?

Јасно е сите се против, но ќе има ли влијание економскиот интерес, Ањели знаеш што сака!

Познато е дека италијанскиот шампион Јувентус е единствениот голем клуб во Европа која сам се финансира.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Истражувањата на италијанските медиуми покажаа дека „старата дама“ ја наплати доминацијата во Италија во претходните неколку години и двете финалиња во Лигата на шампионите, но успеаа и позитивно да работат кога во прашање е доведувањето и продажбата на фудбалери.

Ањели одлично го води клубот, поради тоа италијанскиот гигант ако се смета комплетната календарска година и оваа година е во плус, но навивачите ги плаши јасниот став на клубот кој гласи: „Секој играч може да замине ако смета дека некаде ќе му биде подобро“.

„Јувентус не може да плаќа 10 милиони по сезона, постојат критериуми и буџет. Тоа е нашиот став, секако не е лесно поради сумите во овој момент, но секој кој сака да замине, може да замине, ние никогаш не продаваме ѕвезди кои сакаат да останат во клубот“, повтори неодамна Ањели.

Последен пример е Леонардо Бонучи, Јувентус сакаше да го продаде во Премиер лигата, но тој одлучи да остане во Италија. Сега, Ањели повторно е на потег, во Торино пристигнаа две понуди.

Челзи нуди рекордна сума за еден дефанзивец, 68 милиони евра, секако во прашање е Алекс Сандро кој во Англија би заработувал двојно повеќе.

Втората е за ѕвездата на тимот Паоло Дибала. Аргентинецот е желба на Јунајтед и Барселона. Јасно е Јувентус нема намера да го продаде, но се шпекулира дека клубовите го контактирале неговиот агент кој им соопштил дека сума од 130 милиони евра е доволна за управата на Јувентус да започне да преговори.

Кога во прашање платата на Дибала, тој би добивал 12 или 13 милиони евра по сезона, додека во Јувентус во овој момент заработува седум.

Но, кога ситуацијата ќе се погледне од друга страна, не од економска, шансите Дибала да го напушти Торино се скоро еднавки на нула. Тој миленик на навивачите, ѕвезда на тимот и има предиспозиции да стане легенда на клубот. Додека кај Сандро ситуацијата е поинаква, Бразилецот размислува, Јувентус молчи, па сеуште не е познато колкави се шансите и Сандро да го напушти Торино.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

ВИДЕО Погледнете го киксот на голманот на Џирона за гол на ПСЖ во 90 минута

ПСЖ доминираше против новајлијата во елитното друштво Џирона на отворањето на Лигата на ша…