Дома Фудбал Англија Ширер: Челзи не се плаши од Сити, изгледаат незапирливо

Ширер: Челзи не се плаши од Сити, изгледаат незапирливо

Во Премиер лигата на стартот од сезоната е прилично неизвесно.

На врвот се наоѓаат Челзи, Ливерпул и Манчестер Јунајтед со по 13 бодови. Поранешниот фудбалер Алан Ширер смета дека Челзи е најголем фаворит.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Трката за титулата во Премиер лигата само што започна, а сега Челзи изгледа како тим кој е тешко да се запре. Екипата на Тухел изгледа импресивно, дури и кога не играат добро или нешто не оди како што треба, како исклучувањето на Џејмс на „Енфилд“ во состојба се да бидат рамноправни со противникот. Со одличната победа против Тотенхем уште еднаш покажаа дека располагаат со силен тим и голем тренер“, изјави Ширер.

Челзи има четири победи и едно реми, а во сабота ќе игра дома против Манчестер Сити.

„Сигурно дека не се плаши од Сити. Челзи и Тухел минатата сезона три пати ги победија „граѓаните“, вклучувајќи го и финалето во Лигата на шампионите. Сигурно повторно ќе бидат спремни за Пеп Гвардиола“, изјави Ширер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…