Дома Фудбал Англија Мертезакер: Дајте му време на Артета, ќе го врати Арсенал на европската мапа

Мертезакер: Дајте му време на Артета, ќе го врати Арсенал на европската мапа

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Пер Мертезакер смета дека клубот треба да му даде време на Микел Артета за успесите да дојдат.

Од заминувањето на Арсен Венгер екипата не личи на онаа која скоро две децении констатно беше во врвот на англискиот фудбал. Пари се вложуваат и тоа многу, но резултатите се далеку од добри.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Минатата сезона беше за заборав, а и оваа не запоќна нешто пдообро. Арсенал во текот на летото потроши околу 150 милиони фунти, најмногу од сите клубови во Премиер лигата.

Пер Мертезакер верува дека резултатите ќе дојдат.

„Секогаш сакате успех веднаш. Сакате назад во Лигата на шампионите. Го сфатив тоа работејќи во академијата во Арсенал, но за секој процес е потребно време и се надевам дека Микел ќе го добие своето. Работам блиску до него и знам колку сака да го врати Арсенал на мапата на европскиот фудбал. За тоа ќе бидат потребни две-три години“, смета Мертезакер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити ја победи Вила со гол во 94. минута, Гвардиола се радуваше како да освоил титула (ВИДЕО)

Манчестер Сити оствари важна домашна победа од 2-1 против Астон Вила во првиот натпревар о…