Дома Македонски спорт Мак фудбал Костов: Ако не верував немаше да дојдам во Тиквеш, криво ми е што нема да бидам на клупата во Штип

Костов: Ако не верував немаше да дојдам во Тиквеш, криво ми е што нема да бидам на клупата во Штип

Влатко Костов беше промовиран за нов тренер на Тиквеш и во клубот пристигнува со големи очекувања.

За своите амбиции Костов зборуваше за телевизијата РТК.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Сакам да се заблагодарам на раководството што одлучи јас да бидам тој човек што на некој начин ќе ја мобилизира целата ситуација во клубот. Благодарен сум и на големиот број честитки од пријателите, како и од навивачката глупа „Лозари““.

Порача дека верува во ростерот со кој располага тимот во овој момент.

„Ако не верував во играчите немаше да дојдам во Тиквеш. Моја работа ќе биде да ги мобилизирам и да им укажам дека прво играат за себе, а потоа за клубот и градот. Не сакам да се заборави тоа што го направија пред неколку месеци. Ако даваат се од себе мислам дека и резултатите ќе дојдат резултатите, јас тоа го ветувам“.

„Ростерот на играчи е тој што е, сите што се членови на Тиквеш се на располагање. Во овој момент немаме казнети и повредени играчи. Работев денес со играчите и можeв да ја видам нивната желба“.

Поради административни причини тој нема да биде на клупата на Тиквеш за неделниот натпревар во кој овој клуб ќе гостува на Брегалница во Штип.

„Од првиот ден сум на располагање на Тиквеш, се уште не сум потпишал договор, но јас сум човек што верува во збор, за мене зборот е најважен. Криво ми е што нема да бидам на клупата во Штип поради административни причини, но не сакам тоа да биде алиби. Јас од денес секој натпревар го сметам за мој пораз или моја победа“, изјави Костов за РТК.

ЦЕЛИОТ РАЗГОВОР ПОГОЛЕДНЕТЕ ГО ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…