Дома Фудбал Останато Михајловиќ: Панчев трофејот од Бари го носеше на свадба

Михајловиќ: Панчев трофејот од Бари го носеше на свадба

Во мај 1991 година Црвена Звезда стигна до најголемиот клупски успех, стана европски шампион.

Македонците Дарко Панчев и Илија Најдоски беа дел од таа славна генерација на Звезда. Во финалето токму Панчев го изведуваше пеналот во последната серија против Марсеј.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Синиша Михајловиќ сега имаше големо интервју за српските медиуми, а помеѓу другото откри и дека пехарот во витрините на Звезда не е оригиналниот Бари. Оригиналот бил искршен од самите играчи.

Во таа прилика откри интересна анегодата за Панчев.

„Пехарот ние играчите го носевме секаде. Јас го носев во Борово, па Југовиќ, на Биниќ му стоеше во автомобилот. Во една ситуација Панчев додека пехарот беше кај Биниќ дојде и му го побара да го носи на свадба во Македонија. Беше интересно. Пехарот во клупските витрини на Звезда не е оригиналот затоа што оригиналот беше изудиран и искршен, мораше да се направи нов“, изјави Михајловиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалер на Манчестер јунајтед заминал од „Олд Трафорд“ на полувремето со Лион

Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига …