Вечерва женската фудбалска репрезентација на Македонија вечерва во Саутемптон ќе се сретне со големиот фаворит Англија во квалификациите за Светското првенство.
Натпреварот помеѓу Англија и Македонија се игра вечерва на стадионот „Сент Мери“, па секако дека тоа ќе биде големо искуство за фудбалерките.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реално тешко е да се бараат бодови против една селекција како Англија, меѓутоа девојките секако имаат мотив и желба да ја престават Македонија во што подобро светло. Како и што најави Наташа Андонова, шансата за бодови треба да ја бараме против Австрија во следното коло, репрезентација која не е на рамниште со топ квалитетот на Англија.
“Не очекуваат два натпревари против силни репрезенетации. Селекцијата на Англија е апсолутен фаворит во групата, ќе биде многу тешко да се игра против нив. Австрија не е на рамниште со квалитетот како Англија и сметам дека шансата за освојување на бодови треба да ја бараме на тој меч“, изјави Андонова.
Мечот започнува во 20:00 часот.