Дома Фудбал Коман веднаш по натпреварот против Барселона заминал на операција на срцето

Коман веднаш по натпреварот против Барселона заминал на операција на срцето

На денешната прес-конференција пред натпреварот против Бохум, трнерот на Баерн, Јулијан Наглесман изнесе изненадувачки информации.

Имено, Кингсли Коман веднаш по натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите заминал на операција на срцето. Според информациите, Коман имал аритмија.

„Кигсли мораше да оди на операција. Имаше дополнително отчукувањње на срцето, мала аритмија. Поради тоа во натпреварот имаше проблем со земањето здив, па беше опериран. Од вторник ќе започне со кардиовежби, мислам дека нема да може да сметаме на него околу две недели“, изјави Нагелсман.

Ќе потсетиме Баерн ја победи Барселона со 0:3 во натпревар во кој доминираше, а утре од 15:30 часот ќе се сретнат со Бохум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…