Дома Фудбал Италија Интер и Брозовиќ далеку од договор

Интер и Брозовиќ далеку од договор

Марсело Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на Интер, но неговиот договор со „нероаѕурите“ завршува следното лето.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.

Имено, Брозовиќ моментално заработува 3,5 милиони евра и бара со новиот договор плата од 5,5 милиони евра, додека Интер не може да си дозволи такво зголемување.

„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и бараат од Хрватот да ја продолжи соработката со истата плата која ја добива во моментов.

Јувентус и Атлетико Мадрид се заинтересирана за Брозовиќ, па можно е следното лето Интер да го загуби играчот без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голем пресврт во Реал Мадрид: Мурињо го сопре заминувањето на играчот кој веќе беше отпишан

Завршницата на преодниот рок може да донесе неколку изненадувања, а едно од најголемите е …