Tибо Куртоа беше еден од најзаслужните што Реал Мадрид вчера обезбеди минимална победа во првото коло од групната фаза во Лига на шампионите.
Новинарот на „Марка“, Хуан Игнасио Гарсија Очоа беше воодушевен од настапот на Куртоа, па посочи дека за него Куртоа во овој момент е најдобриот светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Само што ќе кажете дека Куртоа е најдобриот во светот луѓете ве напаѓаат. Посебно тоа се случува со навивачите на Атлетико кои се убедени дека Јан Облак е најдобриот“.
„Во изминатите две години Куртоа се разви во нешто повеќе, како во Реал Мадрид, така и во националниот тим на Белгија. Констатно го спасува својот тим, така беше и сега против Интер. Многумина забораваат дека беше клучен и во освојувањето на титулата во сезоната 2019/2020“, стои во неговата анализа.