Дома Фудбал Хари Кејн спремен да потпише нов договор, но има специјален услов

Хари Кејн спремен да потпише нов договор, но има специјален услов

Sвездата на Тотенхем, Хари Кејн е подготвен да започне преговори за нов договор со клубот, но има специјални услови.

Имено, Кејн е спремен да потпише но  само доколку во неговиот договор биде вклучена откупна клаузула. Во моментов, претседателот Даниел Леви не се согласува со таква идеја.

Голгетерот во текот на целото лето се обидуваше да се пресели во клуб со поголеми амбиции, имаше договор со Сити, но „граѓаните“ не најдоа заеднички јазик со Тотенхем.

Откако стана јасно дека ќе остане во Тотенхем, клубот е спремен да му понуди нов, многу побогат договор. Напаѓачот бара во договорот да биде ставена откупна клаузула.

Ако Леви не попушти, можно е уште следното лето Кејн да продолжи со инсистирање за заминување, што ќе создаде нови проблеми за Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го торпедираше Алавес со 6-1: Рафиња и Јамал со по два гола!

Барселона постигна четири гола до паузата, а потоа ја заокружи убедливата победа над Алаве…