Иако медиумите изминатите денови пишуваа дека Баерн Минхен и Милан се блиску до договор за трансфер на Реанто Санчез, сепак ситуацијата се промени.
Имено, Баерн не сака да се откаже од португалскиот талент, одлучи да го испрати само на едногодишна позајмица и не сака да го продава.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ренато Санчез пред два дена изјави дека не е задоволен во Баерн и дека сака да ја промени средината со цел да добие поголема минутажа.
„Ренато Санчез може да замине само на едногодишна позајмица, не сакаме да го продадеме. Тој изјави дека сака да игра, а не дека сака да си замине од Баерн. Ќе се обидеме да најдеме некоја солуција“, изјави извршниот директор на Баерн, Карл Хајнц Румениге.
Таквите услуви сигирно нема да ги прифати Милан кој сака да има можност да го откупи договорот на крајот на позајмицата.
Сепак медиумите тврдат дека преговорите меѓу двата клуба продолжуваат и дека Милан инсистира да има право на откуп во договорот.