Дома Фудбал Останато Беше хит играч во Премиер лигата, а сега објави крај на кариерата

Беше хит играч во Премиер лигата, а сега објави крај на кариерата

Сенегалскиот 36-годишен напаѓач Демба Ба стави крај на играчката кариера во која во текот на 16 години беше дел од бројни клубови.

Демба Ба играше и во Премиер лигата за Вест Хем, Челзи и Њукасл.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Објавувам крај на играчката кариера, но срцето ми е исполнето со благодарност. Покрај потта и солзите фудбалот ми пружи и многу убави емоции, од навивачите па се до врската која ја имав со своите соиграчи и тоа засекогаш ќе остане во моето срце“, објави Демба Ба.

Во Челзи помина само една сезоан и постигна 14 голови во сите натпреварувања, додека во Њукасл во две години постигна 29 гола.

Два пати беше шампион на Турција, со Бешикташ во сезоната 2016/2017 и со Башакшехир во сезоната 2019/2020. Играше и во Кина за Шангај Шенхуа. Негов последен клуб беше швајцарскиот Лугано од каде што си замина минатиот месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул со јасна порака до Барселона: Кога Бруно вреди 100 милиони евра, тогаш толку вреди и Дијаз!

На релацијата меѓу Луис Дијаз и Барселона се појавија најнови вести – спортскиот директор …