Фудбалерот на Ливерпул Харви Елиот одлично ја започна сезоната со неколку фантастични настапи, но против Лидс заработи тешка повреда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
18-годишникот се здоби со скршеница на скочниот зглоб по стартот на Паскал Струјиќ кој за тој старт заработи директен црвен картон.
Елиот сепак не го обвинува и смета дека тоа било случајност.
„Не беше виновен. Мислам дека не ни беше за црвен картон, едноставно се случи, несреќа. Во фудбалот се случуваат вакви работи. Ќе се вратам посилен“, изјави Елиот.