Дома Топ вести Претседателот на Примера: Реал има пари за Халанд и Мбапе

Претседателот на Примера: Реал има пари за Халанд и Мбапе

Реал Мадрид до последниот ден од преодниот рок се обидуваше да го донесе Килијан Мбапе, но не можеше да постигне договор со ПСЖ.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Мбапе веќе има договор со „кралевите“ и следното лето ќе пристигне на „Сабтиаго Бернабеу“ како слободен агент, но ќе биде најплатен фудбалер во светот.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Меѓутоа, претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез сака да го донесе и Ерлинг Халанд, кој е еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Претседателот на Примера, Хавиер Тебас денес потврди дека Реал е финансиски стабилен и може да си ги дозволи овие трансфери.

„Реал Мадрид собра 200 милиони евра од продажба на играчи. Имаат пари да ги купат Мбапе и Халанд заедно. Не само што немаа загуби, успеаја да приберат огромни суми од продажба на играчи, па затоа можат да си дозволат вакви трансфери“, изјави Тебас.

Приходите на Барселона се нарушени поради коронавирусот, но тие не се во лоша ситуација. Голем број клубови се во полоша ситуација од нив“, додаде Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…