Дома Фудбал Ливерпул потврди: Елиот ќе мора да оди на операција

Ливерпул потврди: Елиот ќе мора да оди на операција

Фудбалерот на Ливерпул, Харви Елиот го чека подолго отстуство од терените затоа што повредата која ја заработи вчера против Лидс ќе мора да се санира со операција.

Елиот против Лидс се здоби со тешка повреда откако му беше дислоциран зглобот, подоцна му беше вратен во нормалната положба, а тој беше пренесен во болница.

Ливерпул сега потврди дека 18-годишниот фудбалер е пуштен од болницата на домашно лекување.

Освен тоа клубот информираше дека во наредните денови ќе биде направена и операција на зглобот на Елиот, а тогаш ќе биде познато колку точно ќе отсуствува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија ја сочува победата во Штип: Ѓорѓиевски стрелец, Гаје последна пречка

Шкендија ја совлада Брегалница со 2-1, а пресудната одбрана на Гаје дојде од пенал во суди…