Дома Македонски спорт Светско, а наше: Мартин Јовановски е еден од најдобрите параглајдеристи во светот!

Светско, а наше: Мартин Јовановски е еден од најдобрите параглајдеристи во светот!

Maртин Јовановски е македонски параглајдерист и е еден од најдобрите во светот.

Во овој период од 4. до 11. септември тој учествува на Светскиот Куп во Турција каде што учествуваат само најдобрите во светот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Не само што учествува, Мартин е и на првото место.

После неколку трки тој е на првите три места, додека во генералниот пласман е на врвот. Треба да се спомене и дека Мартин во овој момент е претседател на комисијата за параглјадинг – прецизно слетување прив Светската Воздухопловна Федерација.

Денес тој ја имаше неговата последна трка.

Поради успесите Мартин и неговиот имаат можност и покана за настап од Интернационалната асоцијација да учествува на Светското првенство кое ќе се одржи од 31. Октомври до 13. Ноември во Аргентина.

Но, за да учествуваат потребни се 10.000 евра, а тоа е сума која не можат сами да ја обезбедат. Затоа испраќаат апел до сите кои се во можност да помогнат со донации или ако ништо друго барем да се сподели нивната приказна.

Донациите се собираат преку страницата „WhyDonate“ – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…