Едуардо Камвинга беше претставен како нов играч на Реал Мадрид.
Младиот француски репрезентативец во Мадрид пристигна во последниот ден од преодниот рок од редовите на Рен, откако „кралевите“ не успеаа да го доведат Мбапе.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Водителката на шпанската телевизија предизвика скандал на претставувањето на Камвинга.
„Ова момче е поцрно од оделото кое го носе“, прокоментира Лорена Гонзалес која во тие моменти не знаеше дека микрофонот и останал вклучен.
Гледачите на програмата останаа шокирани од она што го слушнаа, новинарката ја обвинија за расизам, а ТВ куќата веднаш се огласи после скандалот.
„РТВЕ се извинува поради коментарот и жалиме поради тоа. Овие коментари никако не се став на телевизијата и ќе преземеме чекори“, објави ТВ куќата.
Гонзалес се извини на својот работодавец и гледачите.
„Не сум расист како што ме обвинуваат. Разбирам зошто ме напаѓаат, но не заслужувам навреди, закани…Беше тоа споредба која можев да ја направам со било која боја на кожата. Верувам дека се е премногу радикализирано и исполитизирано, исто така разбирам дека медиумите имаат одговорност да се борат против расизмот, неправдите и нееднаквоста. Се извинувам и на телевизијата која ја доведов во проблем, како и на своето семејство. На одредено време ќе се повлечам од друштвените мрежи“, порача новинарката.