Дома Фудбал Останато Кевин-Принс Боатенг се откажа од братот Жером: Повеќе немам ништо со него

Кевин-Принс Боатенг се откажа од братот Жером: Повеќе немам ништо со него

Кевин-Принс Боатенг се откажа од својот брат кој е казнет со 1.8 милиони евра поради физички напад на својата девојка.

Жером вчера се појави пред судот во Минхен после обвинувањата за физички напад на својата поранешна девојка Шерин Сениер. 33-годишниот дефанзивец се спаси од затвор, но ќе мора да плати казна од 1.8 милиони евра.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Неговиот брат Кевин-Принс повеќе не сака да има ништо со него.

„Од него од поодамна се дистанцирав. Ги почитувам германските закони и го презирам насилство врз жените. Не ги поддржувам неговите постапки и со него немам веќе ништо“, порача Кевин-Принс Боатенг.

Браќата Боатенг заедно започнаа во Херта. Поголема кариера оствари Жером кој играше уште за ХСВ, Манчестер Сити и Баерн со кој во претходните 10 години освои се. Баварците ги напушти ова лето и потпиша за Лион.

Од друга страна Кевин-Принс секогаш важеше за лошо момче, играше и тој за гиганти како Милан и Барселона, но не се задржуваше долго.

Браќата Боатенг настапуваат за различни репрезентации. Жером играше за Германија, додека Кевин-Принс ги бранеше боите на Гана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектакуларно: Асистанција на Хименез за ТВ шпици – со пета ја измами одбраната на Манчестер Сити! 🎥

Резултатот на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер Сити на полувремето е 1:1 , а Фулам прв…