Дома Фудбал Јувентус откри зошто не го ангажираше Донарума

Јувентус откри зошто не го ангажираше Донарума

Спортскиот директор на Јувентус, Федерико Черубини откри дека Донарума воопшто не бил трансфер цел на „старата дама“.

Донарума ова лето го напушти Милан како слободен агент и медиумите шпекулираа дека е блиску до трансфер во Јувентус, но на крајот заврши во ПСЖ.

„Не го ангажиравме бидејќи веќе имаме одличен голман со долг договор. Ние веруваме во квалитетите на Шчешни и сметаме дека е идеален за нас во овој момент. Немаше смисла да го направиме тоа што го направи ПСЖ и во исто време да имаме двајца врвни голмани“, изјави Черубини.

Донарума во ПСЖ ќе се бори за местото со Кејлор Навас, кој во првите натпревари оваа сезона е прв избор кај Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливаја во нова улога, Хајдук добива пофалби: Најдобар состав во последните години?

По убедливите 5:0 против Горица, Ведран Јеше го пофали составот на Хајдук, а потегот на Га…