Дома Фудбал Англија „Не ми е јасно зошто се крева толкава еуфорија за Роналдо кога има 36 години“

„Не ми е јасно зошто се крева толкава еуфорија за Роналдо кога има 36 години“

Помеѓу навивачите на Манчестер Јунајтед владее вистинска еуфорија поради враќањето на Кристиано Роналдо, а сето тоа му е малку чудно на тренерот на Брентфорд Томас Франк.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На него не му е јасно зошто се крева толкава еуфорија кога Роналдо денес на 36 години не е истиот играч од минатото.

„Роналдо има 36 години, се врато во Јунајтед и веднаш сите почнаа да зборуваат дека тие се фаворити за титулата. Да, можеби тој е делот што недостасува, но лудо е да се прави таква еуфорија за некој кој има 36 години, па и тој некој да е Роналдо. Нормално дека е голем играч, но не е истиот од минатото. Навистина не ја сфаќам целата еуфорија“, изјави Данецот на клубот на Брентфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…