Вчера Македонија го одигра и третото реми во овој квалификациски циклус во кој одигравме три натпревари.
После овој натпревар Ерменија, Романија и ние ја продолжуваме борбата за второто место во групата. Романските новинари пред натпреварот се жалеа на состојбата во која е теренот на Арената, а искусниот Никола Станчиу откри дека капитенот Стефан Ристовски им се извинил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Освоивме бод и за нас тоа е добар резултат. Кога ќе го погледнеме натпреварот мислам дека не заслуживме повеќе. Освен теренот беше очаен за игра, тешко се играше. Капитенот на Македонија пред почетокот на натпреварот ни се извини за состојбата во која се наоѓа“, изјави Станчиу.
Фото: ФФМ