Дома Фудбал ФИФА суспендира осум Бразилци од Премиер лигата

ФИФА суспендира осум Бразилци од Премиер лигата

Неколку клубови од Премиер лигата претстојниот викенд ќе играат без членови на бразилската репрезентација.

Светската фудбалска федерација суспендираше осум бразилски играч од Премиер лигата до 14 септември. Причината е што клубовите одбија да пуштат играчи во националниот тим во септемвриската пауза за репрезентативни настапи.

На Бразилската фудбалска федерација не ѝ се допадна тоа, па побара од ФИФА тие фудбалери да бидат суспендирани.

Станува збор за Алисон, Фабињо, Роберто Фирмино (Ливерпул), Едерсон, Габриел Жезус (Манчестер Сити), Фред (Манчестер Јунајтед), Тиаго Силва (Челзи) и Рафиња (Лидс).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед бара решение за нападот: Иван Тони е на списокот, една опција веќе отпадна

Повредата на Бенјамин Шешко го насочува Манчестер јунајтед кон јануарскиот пазар. Иван Тон…