Антонио Конте после освојувањето на Скудетото го напушти Интер после несогласување со раководството на клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Конте имаше несогласувања со „нероаѕурите“ околу составување на тимот за наредната сезона и спогодбено го раскина договорот со Интер.
Како што информираат медиумите на Островот, Конте нема долго да остане без работа и веќе преговара со друг клуб.
Имено, Арсенал сака да го донесе на кормилото за да го наследи Артета, кој е пред отказ. „Топџиите“ имаат најлош старт на сезоната во својата историја, па се спремни да му дадат на Конте одврзани раце и голем буџет за да ги врати на врвот.
Конте побарал од раководството на Арсенал да му бидат донесени две ѕвезди на Интер, а станува збор за Марсело Брозовиќ и Лаутаро Мартинез.
На Брозовиќ договорот му истекува на крајот на сезоната, а Арсенал е спремен да му понуди двојно поголема плата, додека за Лаутаро „топџиите“ се спрмени да понудат 90 милиони евра.