Италијанските медиуми пренесуваат дека Тотенхем и Милан започнале преговори за трампа во јануари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Франк Кеси влезе во последната година од договорот, но двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.
Последната понуда од Милан изнесува 6,5 милиони евра по сезона, но Кеси одбива да стави потпис бидејќи бара најмалку 8 милиони евра.
„Росонерите“ не сакаат да го загубат Кеси без обештетување и се спремни да го продадат во јануари, а најсилен интерес покажуваат ПСЖ и Тотенхем.
Имено, „Спарси“ се спремни да понудат трампа помеѓу Кеси и Ндомбеле, а „росонерите“ се заинтересирани за таква размена.