Дома Фудбал Англија Официјално: Челзи доби нов капитен

Официјално: Челзи доби нов капитен

Со заминувањето на Џон Тери, се отвори место за нов капитен на екипата на Челзи.

Она што беше и очекувано денес доби и официјална потврда. Гери Кејхил е нов капитен на „сините“ од Лондон, додека негова замена ќе биде Шпанецот, Цезар Аспиликуета.

„Ова е еден од моментите на кој сум премногу горд. Да се биде капитен на Челзи за мене претставува голем успех и задоволство ми е што ќе ја имам таа чест“, изјави Кејхил.

Кејхил има 31 година во Челзи настапува веќе пет години. На „Стенфрод Бриџ“ пристигна од Болтон, а со клубот од Лондон до сега освои две титули во Премиер лигата, една во Лигата на шампионите и една во Лигата на Европа.

За репрезентацијата на Англија запиша 55 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голем пресврт во Реал Мадрид: Мурињо го сопре заминувањето на играчот кој веќе беше отпишан

Завршницата на преодниот рок може да донесе неколку изненадувања, а едно од најголемите е …