Дома Фудбал Репрезентации Меси: Срамота, такво нешто не смееше да се случи на теренот!

Меси: Срамота, такво нешто не смееше да се случи на теренот!

Вчера големото дерби помеѓу Бразил и Аргентина во квалификациите за СП беше прекинато.

Уште во воведните моменти здравствените власи и полицијата влегоа на теренот поради четворица фудбалери кои според правилата требало да бидат во карантин. Станува збор за фудбалерите од Премиер лигата кои немале право да играат зошто морале да поминат карантин.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Таквиот однос ги налути Аргентинците, па целата репрезентација не сакаше да го продолжи натпреварот.

„Ова е срамота. Не смееше да се случи вакво нешто на теренот. Тука сме три дена и никој не ни побара ништо, сите нормално тренираа. Ако тие четворица фудбалери биле проблем зошто не ги побараа во хотелот, зошто го чекаа натпреварот“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Едерсон е минато: Гвардиола договори нов чувар на мрежата

Манчестер Сити се подготвува за следната сезона во која ќе се обидат да се вратат на „голе…