Дома Македонски спорт Холандија беше пресилна: Втор пораз за одбојкарите на Европското првенство

Холандија беше пресилна: Втор пораз за одбојкарите на Европското првенство

Maкедонските одбојкари го запишаа и вториот пораз на Европското првенство.

Денес подобра од нашата селекција беше Холандија со 25:20, 25:18, 25:22. Претходно загубивме од домаќинот Финска со 3:1.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Холандија за нешто повеќе од час ипол обезбеди победа и покажа дека во овој момент реално се поквалитетна репрезентација од нас. Ние само на моменти имавме блесоци кои не беа доволни за да го изненадиме фаворитот.

Победата на Холандија беше најавена уште на почетокот кога поведоа со 8:4, во првиот сет дојдоа и до највисоки 21:16.

И во продолжение работите не се менуваа многу, па ние само од време на време се доближувавме, дури и изедначивме во вториот сет, меѓутоа повеќе не можевме.

На табелата во групата ние сме последни без освоен бод, Холандија е прва со максимален учинок 6:0, потоа следува Турција, па Финска, Русија и Шпанија се без бодови како нас.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…