Дома Фудбал Репрезентации Италија на еден натпревар од изедначување на светскиот рекорд на Бразил

Италија на еден натпревар од изедначување на светскиот рекорд на Бразил

Aктуелниот европски шампион, Италија ремизираше со Бугарија во првиот натпревар после освојувањето на контиенталниот турнир на 11. јули.

Сепак, тоа реми донесе историски момент. Италијанците се на еден натпревар од изедначување на рекордот на Бразил. „Аѕурите“ не знаат за пораз веќе три години и во Бугарија дојдоа како непоразени на 35 натпревари и така се изедначија со Шпанија. „Фуријата“ ваков период имаше во периодот од 2007 до 2009.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сега Италија ја чека натпревар со Швајцарија во недела и ако не изгубат на овој натпревар ќе го изедначат светскиот рекорд на Бразил од 36 натпревари без пораз. Рекордот Бразилците го поставија од 1993 година до 1996 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Уапсен навивачот кој погоди судија на натпреварот меѓу Сент Етјен и Лион (Видео)

Францускиот прволигаш Сент Етјен официјално објави дека француската полиција го уапсила ма…