Дома Фудбал Крос со болки, Рамос сигурно го пропушта „Ел Класико“

Крос со болки, Рамос сигурно го пропушта „Ел Класико“

Германскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Тони Крос предвреме го напушти денешниот тренинг на „кралевите“ во Лос Анџелес, пренесоа шпанските медиуми.

Плејмејкерот почуствувал болки во глуждот и предвреме го прекинал тренингот, а капитенот Серхио Рамос воопшто не тренираше денес поради болки во увото.

И двајцата сигурно ќе го пропуштат пријателскиот меч со Манчестер Сити оваа ноќ, а готово сигурно Серхио Рамос нема да игра и на првото „Ел Класико“ оваа сезона на 29-ти јули во Мајами.

Утре рамо сабајле (во 5 часот по наше време) европскиот шампион ќе одигра пријателски меч против тимот на Пеп Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

КАРАГЕР СО ОТВОРЕНА КРИТИКА: „ИГРАЧИТЕ НА ЛИВЕРПУЛ СЕ МНОГУ ЛОШИ ВЕЌЕ ДОЛГО ВРЕМЕ“

Легендарниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер, смета дека лошиот старт на сезоната не…