Дома Фудбал Џака одби да се вакцинира, па сега нема да игра за Швајцарија затоа што е позитивен

Џака одби да се вакцинира, па сега нема да игра за Швајцарија затоа што е позитивен

Гранит Џака нема да може да и помогне на Швајцарија овој квалификациски циклус за СП 2022 затоа што е позитивен на коронавирус.

Швајцарскиот капитен не е вакциниран, а тоа ги разлути челниците на швајцарскиот фудбалски сојуз.

„И тоа како сметав на Гранит“, изјави новиот швајцарски селектор Мурат Јакин.

Јакин додаде дека сојузот може да им препорача на играчите да се вакцинираат, но не може да ги обврзе на такво нешто.

„Тој е наш капитен, ние можеме да му препорачаме, меѓутоа одлуката беше негова“, изјави Јакин.

Швајцарија во недела ја чека натпревар против европскиот шампион Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Охрид ја брани предноста, Пелистер и Работнички бараат бодови на гости

Седумте средби од 11. коло во Втората лига почнуваат во 13 часот. Водечката тројка влегува…