Дома Фудбал Ди Марија: Ван Гал е најлошиот тренер кој сум го имал

Ди Марија: Ван Гал е најлошиот тренер кој сум го имал

Анхел ди Марија зборуваше за неговиот престој во Манчестер Јунајтед и за проблемите кои ги имал со тренерот Ван Гал.

Ди Марија во 2014 година беше рекорден трансфер на „црвените ѓаволи“ и пристигна на „Олд Трафорд“ за сума од 60 милиони фунти.

Меѓутоа, не ги оправда очекувањата и само послед една сезона беше продаден во Пари Сент Жермен.

„Мојот проблем во Јунајтед беше тренерот. Ван Гал е најлошиот тренер кој сум го имал во кариерата. На еден меч постигнав гол и запишав асистенција, а следниот ден тој ме критикуваше. Воопшто не ме сакаше уште од првиот ден, тој не сака кога играчите се поважни од него“, изјави Ди Марија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…