Реал Мадрид до последниот ден од преодниот рок се обидуваше да го донесе Килијан Мбапе, но не можеше да постигне договор со ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мбапе е цврст во намерата да се пресели во Реал Мадрид и ги одбива сите понуди на ПСЖ за продоложување на соработката, па следното лето ќе биде слободен агент.
„Мбапе еден ден ќе заигра за Реал Мадрид. Порано или подоцна. Двајцата одлично се сложуваме на теренот и би сакал да играме заедно во Мадрид“, изјави Бензема.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Мбапе веќе има договор со „кралевите“ и следното лето ќе пристигне на „Сабтиаго Бернабеу“ како слободен агент без обештетување.
Тоа ќе му овозможи на претседателот Флорентино Перез да донесе уште една голема ѕвезда, а прва желба е Ерлинг Халанд.
Реал веќе почна да работи на трансферот на Норвежанецот и е спремен да ги задоволи финансиските барања на фудбалерот и неговиот агент Мино Раиола.