Аргентинецот Хавиер Пасторе во Рома пред три години пристигна како големо засилување од ПСЖ, но не покажа премногу.
Во Рим се мачеше со повредите и пропушти голем број натпревари, а подолго време не беше во конкуренција за натпреварите на „волчицата“. Се надеваше на промена со доаѓањето на Мурињо, но таа не се случи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не се сретнав со Мурињо, сакаа да си заминам,. Не ми дозволија да тренирам и да покажам дека можам да помогнам. Тренирам одделно во група на играчи кои Рома сака да ги продаде или позајми“, изјави Пасторе.
Пасторе со Рома имаше договор уште една година.