Како што наведуваат шпанските медиуми, фудбалерот на Барселона Арда Туран следната сезона ќе ја помина на позајмица во Турција.
Арда Туран е пред враќање во татковината,но како позајмен фудбалер во турскиот гигант Галатасарај, каде што се враќа после шест години.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Арда Туран се враќа во клубот и ќе ја добие капитенската ленда“, изјави за турснкиот медиуми претседателот на турскиот клуб, Дурсун Озбек.
Арда од 2004 до 2011 го носеше дресот на гигантот од Инстамбул, за потоа да премине во редовите на Атлетико Мадрид. Член на Барселона стана во 2015 година, а во 55 одиграни натпревари за тимот од „Ноу Камп“ постигна 15 погодоци.
Сега дојде време 30 годишниот крилен фудбалер да се врати дома. Галата веројатно на крајот ќе го откупи неговиот договор од Барселона кој важи до летото 2020 година.