Дома Фудбал Останато Видео: Рома го победи Тотенхем, првенец на „турскиот Дибала“

Видео: Рома го победи Тотенхем, првенец на „турскиот Дибала“

Рома го совлада Тотенхем 3:2 во пријателски натпревар кој се одигра во Њу Џерси.

Натпреварот беше решен во трилер-завршница, три гола беа постигнати во последните три минути, од кои два во судиското надополнување на времето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Рома одлично почна и поведе со голот на Пероти од пенал во 23 минута. Потоа беше мирно се до 70 минута, кога новото засилување Ундер зголеми на 2:0.

Сепак, Тотенхем не се предаде. Во 87 минута со голот на Винкс намали на 1:2, а во судиското надополнување, благодарение на погодокот на Јансен израмни на 2:2. Рома успеа да ја однесе победата во 92 минута кога конечниот резултат го постави Туминељо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Влаховиќ избра нов клуб: Нема да продолжи ниту во Италија, ниту во Барса

Откако пропаднаа сите преговори околу останокот во Јувентус, Влаховиќ започна потрага по н…