Дома Топ вести Пике: Го убедувам Нејмар да остане и да не оди во пониска лига!

Пике: Го убедувам Нејмар да остане и да не оди во пониска лига!

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике детално го објасни „твитот“ околу иднината на Нејамр кој крена голема прашина и призна дека го убедува Бразилецот да остане на „Камп Ноу“.

Иднината на Нејмар е главна тема веќе подолго време во медиумите, а не е тајна дека Бразилецот на маса има голема понуда и дека размислува да ја напушти Барселона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, Пике твди дека го убедува да остане на „Камп Ноу“ и да не оди во пониска лига, каква што е француската Лига 1.

Тоа беше лично мислење, не е официјало. Нејмар е тој кој на крајот ќе каже дали останува или не. Чуствувам дека сака да остане, имам некоја интуиција па затоа го објавив постот“, истакна Пике.

„Сосема нормално е тоа што треба добро да размисли, има 25 години и уникатен талент. Има опции на маса.Убеден сум дека не е за пари, веројатно е поради проектот кој му е презениран, но мислам дека тоа не е најамбициозниот. Можеби е зошто сака да биде прва ѕвезда, а тука е Меси, најдобриот на светот“.

„Тој има само 25 години, одличен играч, ама ако во Париз не ја освои ЛШ нема да добие признание кое го заслужува. Таа е единствената опција во Париз, со должна почит тоа е пониска лига. Сеуште се двоуми, се обидуваме да го убедиме“, јасен беше Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…