Навивачите на ПСЖ веќе неколку недели го чекаа дебито на Лионел Меси, а тоа се случи вчера против Ремс. Аргентинецот во 57. минута почна да се загрева за да влезе на теренот, па почнаа овациите од стадионот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
По 10 минути загревање влезе во игра и на теренот мина повеќе од 25 минути, а иако не постигна гол или асистенција, сепак доби позитивни коментари од француските медиуми.
Oна што многумина го забележаа и го посочија е добрата соработка помеѓу Аргентинецот и Мбапе. Двајцата изгледаа сигурно во играта, иако треба да се спомене и дека имаа неколку погрешни додавања.
Покажа дека уште е во добра форма и ги разбира своите соиграчи на теренот. Му недостигаше прецизност во неколку додавања, но со тек на време ќе има добра соработка со Мбапе“, го опишуваат настапот на Меси, Французите.