Во фудбалската федерација на Македонија денес беа извлечени двојките за првото коло од Купот на Македонија.
Ждребот донесе неколку интересни пресметки како Вардар – Победа, Воска Спорт – Брегалница, Пелистер – Љуботен…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе се игра по еден натпревар, а ланските финалисти Силекс и Академија Пандев директно се пласирани во следната рунда. Треба да се спомене и дека ако натпреварите во оваа фаза завршат нерешено веднаш се изведуваат пенали.
Натпреварите се закажани за на 15. септември.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ПРВО КОЛО
Детонит – Македонија ЃП
Победа – Вардар
Кит-Го – Шкендија
Беса – Скопје
Локомотива – Охрид
Љуботен – Пелистер
Гостивар – Ренова
Кораб – Беласица
Њу Старс – Борец
Слога Виница – Работнички
Новаци – Тиквеш
Саса – Струга ТЉ
Воска Спорт – Брегалница
Велешта – Шкупи