Дома Македонски спорт Мак фудбал Трајче Сенев го наследи Грнев на клупата на Кит-Го Пехчево

Трајче Сенев го наследи Грнев на клупата на Кит-Го Пехчево

Искусниот македонски стратег Трајче Сенев е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Кит Го. Сенев доаѓа на местото на Емил Грнев со кого клубот постигна спогодбен договор за прекин на соработката.

ФК Кит Го искажува огромна благодарност на Емил Грнев за досегашниот целокупен ангажман за развојот на Кит Го како фудбалски колектив, искрено посакувајќи му успешна тренерска кариера во иднина.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сенев повторно се враќа на кормилото на Кит Го како еден од најзаслужните за подемот на нашиот клуб во годините на пробив до второлигашката конкуренција. Сенев е препознатлив по промоцијата и афирмацијата на младите фудбалери во клубот и источниот регион.

Претходно во својата тренерска кариера, Трајче Сенев, покрај во Кит Го, беше предводник и на Силекс, Осогово и Брегалница.

Фото: Кит-Го Пехчево

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…