Македонскиот фудбалер Виктор Велкоски пронајде нов клуб и ќе го има вториот интернационален ангажман.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Велкоски од вчера е нов фудбалер на Лачи од Албанија. После разделбата со Вардар 25-годишниот фудбалер како слободен фудбалер се приклучува на Лачи. Имаше опции Велкоски кариерата да ја продолжи во домашното првенство, но се реши за Лачи.
Претходно во кариерата тој го носеше дресот на Егинакос од Грција, а покрај Вардар во Македонија играше уште за: Работнички, Победа, Скопје, Љубанци и Пелистер.