Дома Топ вести Леонардо: Реал е некоректен, ако го сака Мбапе ќе го добие под наши услови!

Леонардо: Реал е некоректен, ако го сака Мбапе ќе го добие под наши услови!

Преговорите околку долгоочекуваниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал Мадрид и официјално започнаа.

Синоќа Реал Мадрид ја испрати првата официјална понуда за Мбапе која изнесуваше 160 милиони евра, но „светците“ експресно ја одбија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Преговорите се во напредна фаза, а „Екип“ пренесува дека ПСЖ за слободата на својата ѕвезда бара 200 милиони евра.

Спортскиот директор на „светците“ Леонардо денес призна дека постојат преговори, но го нападна Реал дека работел некоректно и незаконски.

„Понудата на Реал Мадрид за Мбапе изгледа како стратегија за да покаже дека се обидува на секој начин да го ангажира Килијан и тоа е тоа. Тие покажаа непочитување, некоректни се, незаконски и неприфатливи. НЕ прифаќаме 160 милиони евра. Ако сака да оди, тоа ќе биде со наши услови“, изјави Леонардо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…