Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски го објави списокот, тројца дебитанти

Милевски го објави списокот, тројца дебитанти

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари на македонската репрезентација за пласман на Светското првенство во Катар.

Македонија на 2. септември ќе се соочи со Ерменија на домашен терен, на 5. септември гостуваме во Исланд, а септемврискот прозорец од квалификациите за СП го затвораме на 8. септември на Националата арена „Тодор Проески“ во натпревар против Романија.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Селекторот Милевски повика 26 фудбалери за трите мечеви. Тодор Тодоровски, Никола Серафимов и Бојан Миовски за прв пат добиваат повик во А репрезентацијата. Повратници во тимот се Адис Јаховиќ, Никола Ѓорѓев и Дејан Илиев. Поради повреда сеуште е неизвесно доаѓањето на Аријан Адеми, а под знак прашалник е приклучувањето на тимот на Бобан Николов.

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Дејан Илиев (Серед, Словачка), Ристе Јанков (Работнички);

Одбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Висар Муслиу (Мол Види, Унгарија), Кире Ристевски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан Алиоски (АЛ Ахли, Саудиска Арабија), Тодор Тодоровски (Раднички Ниш, Србија), Стефан Ашковски (Сепси, Романија), Ѓоко Зајков (Левски, Бугарија), Никола Серафимов (Залаегерсег, Унгарија);

Среден ред: Елиф Елмас (Наполи, Италија), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Тихомир Костадинов (Ружомберог, Словачка), Даниел Аврамовски (Кајсериспор, Турција), Бобан Николов * (Шериф Тираспол, Молдавија), Аријан Адеми * (Динамо Загреб, Хрватска);

Напад: Адис Јаховиќ (Гестепе, Турција), Милан Ристовски (Спратак Трнава, Словачка), Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија),  Дарко Чурлинов (Шалке 04, Германија, Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија);

Собирот на македонската репрезентација е закажан за 29. август во хотел „Хилтон“ во Скопје. Првиот тренинг според програмата е на 30. август во 17:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Фото: ФФМ/Петр Стојановски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Претседателот на ФФМ нападнат од маскирани лица: Поминав со лесно

Максирани лица синоќа го нападнале претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (…