Преговорите околку долгоочекуваниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал Мадрид и официјално започнаа.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
ПСЖ се помири со фактот дека може да ја загуби својата ѕвезда без обештетување и се согласи да го продаде ова лето.
Синоќа Реал Мадрид ја испрати првата официјална понуда за Мбапе која изнесуваше 160 милиони евра, но „светците“ експресно ја одбија.
Преговорите се во напредна фаза, а „Екип“ пренесува дека ПСЖ за слободата на својата ѕвезда бара 200 милиони евра.
Шпанските медиуми се оптимисти дека двата клува ќе ја „испеглаат“ разликата и се очекува трансферот да биде договорен во следните денови за приближно 180 милиони евра.