Дома Трансфер зона Милан преговара со ѕвездата на ПСЖ

Милан преговара со ѕвездата на ПСЖ

Милан е во напредни преговори со ѕвездата на ПСЖ, Пабло Сарабија, пренесува „Газета дело Спорт“.

Пари Сент Жермен ова лето направи неколку бомбастични трансфери, а сега е спремен да се ослободи од некои свои фудбалери, меѓу кои и Сарабија.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Милан и ПСЖ веќе постигнале договор за едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.

Сега „росонерите“ треба да постигнат договор со крилниот фудбалер, а медиумите тврдат дека тоа нема да биде тешко бидејќи Сарабија е отворен за преселба на „Сан Сиро“.

Милан сака да ја засили десната крилна позиција и верува дека Сарабија ќе биде идеално решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…